1.Услови

Ви благодариме за посетата на оваа веб-страница.

Ве молиме, внимателно да ги прочитате условите и одредбите содржани во овој документ бидејќи со секоја употреба на оваа веб-страница се подразбира вашата согласност за прифаќање на условите и на правилата за употреба  што се наведени во овој документ.

Со пристапување на оваа страница, вие се согласувате да се придржувате кон условите на користење, на сите применливи закони и регулативи, и се согласувате дека сте одговорни за усогласеност со сите важечки локални регулативи. Доколку не се согласувате со било кој од овие услови, не ја користете оваа страница. Материјалите кои што се содржани во оваа веб-страница се заштитени со законот за индустриска сопственост.

2.Сопственост

Оваа веб-страница е во сопственост на Анда Охрид. Сите права во однос на оваа веб страница припаѓаат наАнда Охрид.

3. Заштита на лични податоци

Со регистрирањето на нашата веб страница истовремено изјавувате дека сте запознати со  Политиката за заштита на личните податоци на Анда Охрид.

Оваа политика е применлива исклучиво за вев-страницата www.anda.mk Анда Охрид не сноси никаква одговорност за прекршувањето на важечките одредби за заштита на личните податоци кои би се појавиле како резултат на користење на веб-страниците чиј линк е објавен на нашата вев-страница.

Сите лични податоци кои ќе ги внесете при регистрирањето на нашата веб-страница ќе се користат исклучиво за намената за која се внесени (плаќање, достава, рекламации и слично).

Податоци од финансиска природа не се чуваат. Останатите податоци податоците кои ги внесувате на веб страната се строго за интерна употреба (координација при производството на нарачаните производи, однос со купувачите и слично.) и истите нема да се прикажуваат на други лица за било кој основ.

Анда Охрид нема пристап до финансиските податоци поврзани со трансакциите (број на сметка, кредитна картичка и слично). Истите се процесираат преку овластената Банка со цел наплата за договорената купопродажба. Од своја страна, овластената банка има имплементиран ситурен систем за on-line наплата, со цел заштита на податоците на клиентот. При трансакциите, Анда Охрид добива само информација за успешно извршена уплата.

4. Правила за on-line продажба

Сите информации прикажани на оваа веб страница, вклучувајќи ги цените, спецификациите, достапноста на производите и слично, се исклучиво од информативна природа.

И покрај континуираните напори на уредниците на веб- страницата за што поголема прецизност и ажурност на прикажаните информации, може да се случат грешки, па поради тоа не даваме никакви гаранции во однос на комплетноста, точноста, подобноста за одредена употреба или достапноста на производите и/или услугите кои се понудени на веб-страницата, како и информациите поврзани со нив. Секое потпирање на прикажаните информации е на Ваш сопствен ризик. 

Во ниту еден случај Анда Охрид не сноси одговорност за штета настаната поради информациите објавени на веб-страницата.

Оваа веб страница апликациите од било каков вид, им се достапни на корисниците “какви што се” без гаранција од било кој вид.

Анда Охрид не превзема никаква одговорност за било каква штета причинета од посета на оваа страница или како резултат на таквата посета.

Секоја информација за производ или други информации објавени на веб страницата се добиени врз основа на расположливите податоци на компанијата Анда Охрид. Во исто време, таквите информации не можат да се сметаат како гаранции или обврски од страна на Анда Охрид.

Анда има право, без претходна најава, да направи промени во било кој дел на оваа страница, како и да ја прекине работата на одделни делови на страницата или целата страница во секое време по сопствена одлука.

Анда може да ги промени условите за користење на својата веб-страница во било кое време без претходна најава.

Промената на цените нема да се имплементира на прифатените нарачки. Наведеното се однесува како во случаи на подоцнежно зголемување, така и во случаи на подоцнежно намалување на продажната цена.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

По извршената нарачка, на регистрираната е-mail адреса на купувачот се испраќа соодветна потврда.

Нарачката се смета за потврдена дури по извршувањето на уплатата, од кога започнува да се пресметува и договорениот рок за изработка / испорака.

Купувачот прифаќа дека Анда има право да задоцни со испораката на нарачаните производи, но не повеќе од 5 работни дена, сметано од крајниот датум наведен на потврдата за нарачката.

Доколку последниот рок за испорака паѓа во ден недела или државен празник, последниот ден од рокот ќе биде првиот следен работен ден.

Купувачот има право да ја откаже нарачката доколку Анда задоцни со испораката повеќе од 3 работни дена.

Производите Купувачот може да ги подигне на местата посочени од Анда.  

Доколку Купувачот избере дополнителна услуга – достава – на изработените производи, истите ќе бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Доставата на нарачаните проиводи се врши на територијата на Р.Македонија. Доставата се наплатува согласно утврдените цени на Анда Охрид.

Купувачот  е должен при превземање на производите да ги прегледа истите и веднаш при примопредавањето да даде рекламација за евентуалните видливи недостатоци, како и за несогласувањето во количеството на производите.

Забелешките (рекламациите) се евидентираат во примопредавателниот документ (испратница и слично).

Анда нема да ги признае рекламациите за видливите недостатоци на производите и за неусогласеното количество на истите, кои ќе бидат истакнати од Купувачот по извршеното примопредавање.

За проблем во испорака нема да се смета неусогласеноста на боите (опишана вопоглавјето “Усогласеност на бои“ во овој документ, како и одбирање на погрешен број при нарачка.

Анда ќе ги прифати уредно пријавените и основани рекламации на
купувачот. Во случај на прифатена рекламација, Анда ќе ги отстрани недостатоците во истиот рок кој бил предвиден за испорака.

5.Усогласеност на бои

Боите на нашите производи кои ги гледате на Вашиот монитор може да се разликуваат од реалните бои на производот.  Дури и ако Вашиот монитор е калибриран за специфичен профил на бои, постојат различни фактори кои влијаат на конечниот изглед на боите на испечатените производи.  Поради тоа, не можеме стопроцентно да ја гарантираме точноста на боите.

6.Важечкото право

Секоја причина за правна акција или судски процес во врска со веб страницата на Анда или неговата употреба треба да биде регулиранa во согласност со законодавството на Република Македонија.