Примена
ВРАТ ПРИМЕР Тифф е акрилна подлога, наменета за импрегнирање и зацврстување на ѕидни и тавански површини пред нанесување на водено дисперзни бои . Најчесто се користи за зацврстување и подобрување на стабилноста на вграден основен малтер, градежно лепило, глет маса, и останати површини со слични карактеристики, при што не дозволува абсорбирање на вода, и воедно не дозволува брзо сушење на дисперзните бои кои треба да се нанесат како завршен украсен слој. ВРАТ ПРИМЕР Тифф особено се препорачува да се нанесе на стари бојадисани ѕидни и тавански површини пред нанесување на свежа водено дисперзна боја, при што ќе се избегне ронење, одлепување, откорнување, и останати оштетувања на површините, поради зголемената апсорпција на вода на старите слоеви.
Подготовка
Се разредува со вода во сооднос 1:8 при што од пакување од 5 литри се добива разредена смеса од 40 литри.
Вградување
Се нанесува со четка или валјак. Површините претходно треба да се тврди, суви и исчистени од прашина и/или неврзан материјал. За површини со поголема апсорпција на вода се препорачува да се нанесе и втор слој од разредената смеса.
Потрошувачка
За импрегнирање на 1м2 површина потрошувачката е од 0,20 до 0,25 литри разредена смеса.
Пакување
Пластична туба од 5 литри.
Поврзани продукти
Гипс картон и профили
370.00ден
Гипс картон и профили
670.00ден
ГРАДЕЊЕ И РЕНОВИРАЊЕ
1,200.00ден
Гипс картон и профили
280.00ден
Гипс картон и профили
385.00ден
Гипс картон и профили
250.00ден
ГРАДЕЊЕ И РЕНОВИРАЊЕ
750.00ден
Гипс картон и профили
395.00ден